Оди на содржината

ESG оценки

Оценка на одржливоста преку три клучни фактори: животна средина, општествена одговорност и корпоративно управување.

Одржливост

ESG оценки

Проценките на ESG се однесуваат на три клучни фактори во процесот на евалуација и мерење на одржливоста на инвестициите во компании или бизниси. Овие фактори се: прашања за заштита на животната средина, прашања за општествена одговорност и прашања за корпоративно управување. Типични елементи за заштита на животната средина вклучуваат: употреба на природни ресурси, енергетска ефикасност, емисии на вода и воздух, создавање отпад, емисии на јаглерод диоксид, иницијативи за одржливост. Некои од суштинските елементи на општествената одговорност се: безбедност и здравје на работното место, човекови права, заштита на лични податоци и приватност, обука на вработените, политики за различности и можности, програми во заедницата. Елементите на менаџментот се: деловна етика, права на сопственици, комуникација со заинтересираните страни и посветеност на менаџментот.

Процесот на проценка на ESG треба да помогне подобро да се одредат финансиските перформанси на компанијата во иднина, вклучувајќи го и разгледувањето на можните ризици.

Спроведувањето на ESG аудитот ги вклучува следните активности:

  • Преглед на документација поднесена од клиентот
  • Подготовка за спроведување на аудитот на локацијата на клиентот и доставување на планот за аудит
  • Аудитот на лице место опфаќа разговор со раководството и дел од вработените, обиколка на локацијата и преглед на документацијата на локацијата
  • Примарно сумирање на резултатите на локацијата на клиентот и презентација на заклучоците на лице место
  • Анализа на собрани докази и информации и консолидација на заклучоците
  • Издавање на извештаj

Придобивки од организацијата врз основа на аудит и проценка на ESG:

  • Зајакнување на корпоративната репутација кај своите клиенти
  • Усогласеност со законските прописи
  • Појасна презентација на вашата деловна стратегија
  • Покажување соодветно управување со ризикот
  • Одговори на прашања од инвеститори и добавувачи и клиенти
  • Покажување соодветно управување со трошоците
  • Адекватен одговор на конкурентните предизвици.

Ставот и очекувањата на клучните засегнати страни кон компаниите кои извршиле ESG проценки:

  • Инвеститорите сакаат да инвестираат во компании кои се активни по прашањето на одржливиот развој, па ги сметаат таквите компании за посигурни долго време.
  • Вработените сакаат да работат за компании кои покажуваат социјално влијание, демонстрираат етичко однесување и се посветени на обезбедување рамнотежа помеѓу личниот живот на вработените и животот на работното место.
  • Клиентите сè повеќе претпочитаат производи и услуги кои доаѓаат од еколошки свесни средини и каде што можат да покажат транспарентност во сопствениот синџир на снабдување.

Побарајте понуда за сертификација

Опишете ги вашите потреби и ќе ве контактираме со понуда прилагодена на вашата организација.