
Кариера
Деловна соработка и мрежа на соработници на Т-ЦЕРТ СИСТЕМ.
Деловна соработка
Деловна соработка
Деловна соработка
Драги потенцијални соработници,
Т-ЦЕРТ е деловен партнер на TÜV NORD BG која работи во областа на технички инспекции, сертификација на системи и многу други области, и работи преку своите канцеларии во повеќе од 80 земји во светот.
Веројатно сте свесни дека TÜV NORD BG е една од најистакнатите компании за сертификација на пазарот на Р.С. Македонија и поширокиот регион, со клиенти сертифицирани во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, 14001, ISO 45001, HACCP, 22000, 27001, 20000, 22301, 29001,…
Т-ЦЕРТ ги поканува сите потенцијални соработници од Р.С. Македонија, организации, маркетинг компании или поединци кои: го познаваат добро локалното деловно опкружување, имаат соодветни деловни контакти, имаат познавање од меѓународните стандарди / системи за управување, а имаат знаење, искуство и волја да работат во обработка на пазарот, за деловна соработка во областа на обработка на пазарот / трговско и комерцијално претставување и застапување.
Придружете се на мрежата на нашите соработници. Сите заинтересирани можат да не исконтактираат на следната e-mail адреса: office@t-cert.mk како и нашиот телефонски број +389 (0) 2 3221 603.
Вашиот Т-ЦЕРТ СИСТЕМ, деловен партнер на ТÜV NORD BG!
Побарајте понуда за сертификација
Опишете ги вашите потреби и ќе ве контактираме со понуда прилагодена на вашата организација.
