
ISO 14001
Систем за управување со животната средина ISO 14001 | Environmental management system ISO 14001
ISO 14001
Систем за управување со животната средина ISO 14001 | Environmental management system ISO 14001
ISO 14001
Систем за управување со животната средина ISO 14001 е модел на систем за управување заснован на принципот на постојано подобрување. ISO 14001 е стандард кој бара учество на сите вработени на сите нивоа на организацијата, особено на врвниот менаџмент. Суштината на системот е да се идентификуваат аспектите на животната средина, како и законодавните и другите барања кои се однесуваат на тие аспекти и соодветното управување со тие аспекти. Главната задача на стандардот е да ја поддржи заштитата на животната средина и спречувањето на загадувањето на начин што ќе ги земе предвид социо-економските потреби.
Што е ISO 14001?
Стандардот ISO 14001 е за сите организации, без разлика на нивниот вид и големина. Овој стандард може да го користи секоја организација која има за цел да:
- воспостави, спроведе и одржува систем за управување со животната средина
- постапува во согласност со својата воспоставена политика за животна средина
- покаже дека е во согласност со барањата на стандардот преку самопроценка и самоизјавување, како и преку потврда од трети страни вклучително и акредитирани тела за сертификација.
Придобивките од сертификацијата
- ISO 14001 е важна деловна предност
- остварување потенцијални заштеди и намалувања на потрошувачката на енергија и суровини
- намалување на трошоците за отстранување на отпадот
- пониски давачки поврзани со користењето на природните ресурси
- пониски цени за осигурување кои произлегуваат од намалувањето на ризикот
- подобрување на управувањето со организацијата (планирање, поставување цели, задачи и програми)
- намалување на штетното влијание врз животната средина
- структуриран начин на кој се спроведуваат информациите и комуникацијата
- зголемена доверба на засегнатите/заинтересираните страни
- редовни внатрешни и аудити од трета страна за брзо да се идентификуваат слабостите
- Избегнување тужби (на пр. во врска со еколошка штета, несреќи)
Побарајте понуда за сертификација
Опишете ги вашите потреби и ќе ве контактираме со понуда прилагодена на вашата организација.
