Оди на содржината
ISO 9001, ISO 14001 & ISO 19011 Internal Auditor training — T-CERT System / TÜV NORD
2 мин читање

НОВА ОБУКА за НОВИТЕ ВЕРЗИИ ISO 9001 & ISO 14001 & ISO 19011 за Интерни Аудитори на 21-22.10.2026

Поради големиот интерес – нов термин во октомври

On-line Обука за Интерни Аудитори според барањата на НОВИТЕ ВЕРЗИИ:

ISO 9001:2026, ISO 14001:2026 & ISO 19011:2026, + насоки за транзиција

21-22.10.2026

Поради големиот интерес, организираме уште една обука во октомври.

T-CERT SYSTEM | TÜV NORD MK, ве поканува на on-line обука за Интерни Аудитори за Интегриран Систем според барањата на НОВИТЕ ВЕРЗИИ на стандардите ISO 9001:2026, ISO 14001:2026 & ISO 19011:2026, управување со квалитет и животна средина, обука за клучните барања и насоки за транзиција на новите ревизии на стандардите.

Целта на овој курс е да обезбеди знаења и вештини потребни за спроведување на интерни аудити на системот за управување со квалитет и животна средина, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2026, ISO 14001:2026 & ISO 19011:2026 + клучните барања и насоки за транзиција на новите ревизии на стандардите. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.

Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD.

Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации, и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

За кого е наменета оваа обука?

  • На лица кои сакаат да станат Интерни Аудитори за ISO 9001 & ISO 14001 & ISO 19011
  • Менаџери за квалитет и животна средина,
  • Аудитори за квалитет и животна средина,
  • Консултанти
  • Експерти од областа на квалитет и животна средина со искуство во имплементација на системи за управување и аудити
  • На претставници на менаџментот, менаџери и членови на тимот одговорни за воспоставување, спроведување, одржување, следење и подобрување на системот за управување со квалитет и животна средина.

Датуми на обуката и предавач:

21-22.10.2026, on-line во живо.

Предавач на обуката ќе биде Г-дин Васил Миновски (Senior Auditor на TÜV NORD) кој има 25 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите.

Пријавување и услови:

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.

  • За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.

Доколку сакате да се пријавите на оваа обука и да дознате цена, Ве молиме контактирајте не на +389 2 3221 603 или пишете ни на е-маил дека сте заинтересирани за оваа обука: office@t-cert.mk.