Оди на содржината
IRCA ISO 9001 Course 1
1 мин читање

CQI & IRCA ISO 9001:2015, Lead Auditor Training Course

T-CERT SYSTEM во сорабокта со TÜV NORD BG, ве поканува на 5-дневна On-Line Акредитирана обука за CQI & IRCA Водечи Аудитори за ISO 9001:2015 – систем за управување со квалитетот.

CQI & IRCA Certified Training Course No.18034 provided by TÜV NORD

Целта на оваа обука е да обезбеди практични знаења и вештини потребни за успешно спроведување на екстерни аудити во согласност со барањата на меѓународниот стандард.

Обуката комбинира теоретски и практичен дел, со вежби, студии на случај, дискусии и реални примери од пракса.

По успешно завршување на курсот и писменото испитување, учесниците добиваат Акредитиран Сертификат за CQI & IRCA Lead Auditor за ISO 9001:2015 од TÜV NORD – меѓународно признат и високо ценет доказ за вашата компетентност.

Овој сертификат отвора можности за професионален напредок и ангажмани во областа на управување со квалитетот и основа за надградување во понасочени ISO Стандарди.

  • За лица кои сакаат да станат Водечки Аудитори (CQI & IRCA Lead Auditor) за ISO 9001:2015:
  • За менаџери и координатори за квалитет
  • За аудитори, консултанти и експерти во областа управување со квалитетот
  • За претставници на менаџментот и членови на тимови во рамки на своите организации
  • За сите кои се вклучени во имплементација, следење и подобрување на системите за управување со квалитетот
  • Датуми: 30.03-03.04.2026
  • Формат: Online (во живо)
  • Овластен IRCA Tutor: Васил Миновски со 30 годишно искуство во областа
  • Јазик на обуката: македонски и англиски
  • Цена: 590 EUR + ДДВ

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.

Пријавувањето е на следниот линк: IRCA_ISO-9001_250117. Ве молиме пополнете го овој документ и заверен пратете ни го на нашиот е-маил: office@t-cert.mk