Оди на содржината
3 мин читање

Пакет Обука за Интерни Аудитори ISMS Стандарди

T-CERT SYSTEM, ве поканува на on-line обука за

“ИНТЕРНИ АУДИТОРИ за Интегриран Систем за управување со безбедност на податоци, IT услуги и деловен континуитет, според барањата на меѓународните стандарди:

ISO/IEC 27001:2022, ISO/IEC 20000-1:2018, ISO 22301:2019, & ISO 19011:2018“

Датуми на обуката: 15-18.12.2025 година, преку on-line платформа.

Целта на овој курс е да обезбеди знаења и вештини потребни за спроведување на интерни аудити на системот за управување во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO/IEC 27001:2022, ISO/IEC 20000-1:2018, ISO 22301:2018 & ISO 19011:2018. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.

Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD .

Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

За кого е наменета оваа обука?

• На лица кои сакаат да станат Интерни Аудитори за ISO/IEC 27001:2022, ISO/IEC 20000-1:2018, ISO 22301:2018 & ISO 19011:2018

• Менаџери за безбедност на информации, IT услуги и деловен континуитет

• Аудитори за безбедност на информациите, IT услуги и деловен континуитет

• Консултанти

• Експерти од областа на безбедноста на информациите со искуство во имплементација на системи за управување и аудити

• На претставници на менаџментот, менаџери и членови на тимот одговорни за воспоставување, спроведување, одржување, следење и подобрување на системот за управување со безбедноста на информациите (ISMS).

Обуката и датите се конципирана да се одвиваат на следниот начин:

1 ДЕН – 15.12.2025 – Задолжителен дел за Стандардите ISO/IEC 27001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301 (Општо + Awareness) + ISO 19011:2018 Стандард за техниките за аудитирање

2 ДЕН – 16.12.2025 – обука за ISO/IEC 27001:2022, Систем за управување со безбедноста на податоците (опционален – по избор на учесникот)

3 ДЕН – 17.12.2025 – обука за ISO/IEC 20000-1:2018, Систем за управување со IT услуги (опционален – по избор на учесникот)

4 ДЕН – 18.12.2025 – обука за ISO 22301:2019, Систем за управување со деловниот континуитет (опционален – по избор на учесникот)

На крајот од обуката ќе се полага испит (краток тест) во траење од 1 час.

Предавач на обуката:

Предавач на обуката ќе биде Г-дин Ѓоко Стаменков (Senior Auditor на TÜV NORD) кој има 30 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите.

Пријавување и цена:

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.

Пријавување и услови:

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката, на следниот линк:

https://t-cert.mk/prijava-za-seminar/

За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.

Доколку сакате да се пријавите на оваа обука и да дознате цена, Ве молиме контактирајте не на +389 2 3221 603 или пишете ни на е-маил дека сте заинтересирани за оваа обука: office@t-cert.mk.